КАКО ДА ЈА ПЕРЕТЕ И ОДРЖУВАТЕ ОБЛЕКАТА ОД ОРГАНСКИ МАТЕРИЈАЛИ

Следете ги овие совети за одржување на облеката од органски материјали за да ја обезбедите нејзината долготрајност и континуриан квалитет.

ОПШТИ УПАТСТВА ЗА ПЕРЕЊЕ

Секогаш следете ги упатствата за перење на вашите парчиња облека – внимателно прочитајте ги етикетите за перење на секој производ. Овие упатства се создадени специфично за секој артикл и се детално тестирани за да се обезбеди оптимална грижа и температура.

Не перете ја облеката почесто отколку што е потребно – избегнувањето непотребни машински перења помага облеката да трае подолго и е подобро за животната средина, бидејќи заштедувате вода и енергија. Често, само проветрување или локално чистење е доволно за свежина.

Сушете на воздух наместо во машина – сушењето на облеката на закачалка е одличен начин да ѝ го продолжите векот и да заштедите енергија.

Избегнувајте омекнувачи – омекнувачите содржат многу хемикалии кои штетно влијаат на животната средина и често не се потребни. Исто така, можат да ја намалат еластичноста и отпорноста на вода кај одредени ткаенини.

Перете ја облеката наопаку – ова помага облеката да ја задржи формата и бојата подолго, особено облеката со принт. Јакните сепак не треба да се перат наопаку.

Перете веднаш кога ќе се појави дамка – повеќето дамки полесно се отстрануваат ако се измијат веднаш. Не оставајте ги да се исушат. Погледнете го и нашиот еко-водич за дамки за совети без агресивни хемикалии.

УПАТСТВА СПОРЕД МАТЕРИЈАЛ

Памук:
Обично издржува високи температури при перење и пеглање. Но, облеката со принтови може да се оштети на висока температура, па секогаш следете ги препораките на етикетата. Ако има принт – секогаш перете наопаку. Избегнувајте белило и омекнувачи, особено ако ткаенината содржи и еластан.

Modal®:
Може да се собере ако се пере на висока температура – секогаш перете на пониски температури.

Волна:
Има природна способност за самоосвежување преку кислород од воздухот. Затоа не мора често да се пере. Волната е отпорна на нечистотии и се одржува само со проветрување или со благ детергент. Совeт: обесете ја во бањата додека се туширате – влажноста помага влакната да се отворат и да го исфрлат правот.

Econyl и костими за капење:
Не перете над 40° и не користете омекнувач бидејќи го оштетува еластичниот дел. Секогаш сушете на воздух, не користете сушара. Исплакнете во свежа вода по секоја употреба за да се отстранат солта и хлорот.

Сатен:
Ткаенина која лесно се кинe ако се закачи на патент или копче. Препорачуваме перење во мрежа за перење.

Тексас:
Тексасот е памучен материјал кој треба ретко да се пере за да си ја задржи формата и бојата. Проветрување и локално чистење е најдобар пристап. Бојата може да пушта при првите перења – перете со слични бои.

Тешки плетени парчиња:
Најчесто се перат на 40°, освен ако не е поинаку наведено. Користете мрежа за перење за да се заштитат од копчиња и патенти. Ако машината има програма за деликатно перење – искористете ја. Раширете ги додека се уште влажни и сушете на рамно за да не ја изгубат формата.

Надворешна облека (јакни, комбинезони):
Перете на 40°, затворете ти патентите и копчињата. Не ја превртувајте наопаку – внатрешната постава е посензитивна. Не користете омекнувач бидејќи ја намалува дишливоста и водоотпорноста. BIONIC-FINISH ECO® слојот се активира со топлина – пеглајте на ниска температура. Избегнувајте директна топлина врз лепените шавови. Сушење во сушара не се препорачува. Вештачкото крзно на капи може да се расчешла со обична четка.

Капи:
Не се перат во машина – ја губат формата. Се препорачува рачно перење, со благ детергент. Не оставајте ги долго во вода.

Торби:
Затворете ги патентите пред перење. Не перете над 40°, не користете белило или сушара.

Плетени капи:
Перете на 40°, раширете ги додека се влажни и сушете на рамно.