Нови брендови за безгрижно детство
Оваа сезона во нашите колекции додаваме уште неколку брендови кои произведуваат органска облека за деца и се стремат да го обезбедат најдобриот квалитет за оние кои најмногу ни значат.
Станува збор за шпанскиот бренд Bobo Choses кој постои од 2008 г. и чија главна цел е да произведува облека која е забавна и овозможува бегство од секојдневната рутина на децата и родителите. Моделите на Bobo Choses се разиграни, изобилуваат со бои и текстури и не ги следат трендовите туку отвораат нов свет на имагинација кој е близок до децата и нивната природа. Дополнително, материјалите и начинот на кој се произведува облеката гарантира грижа за природата, која веќе станува обврска на секој од нас и одличен начин да ги научиме децата да се грижат за светот во кој живееме.
И португалскиот моден бренд за деца Piupiuchick работи на слични принципи и токму затоа и тој е наш избор да стане дел од понудата на Kids Today. Лежерни модели и доза на ноншалантност го карактеризираат Piupiuchick кој се дизајнира и произведува во Порто, Португалија – еден од најпознатите текстилни региони во Европа.
A Monday in Copenhagen е релативно нов дански бренд кој ја отсликува скандинавската естетика и прави комбинација на трендови и функционалност. И овој бренд користи материјали кои имаат сертификат кој го гарантира нивното органско потекло што овозможува исклучителна удобност при носењето.
Уште еден уникатен бренд, кој се придружува на нашето семејство е Pettite Lucette, француски бренд кој примарно прави облека за девојчиња и ја претставува во вистинско светло познатата француска естетика и чувство за стил. Едноставни кроеви, пастелни тонови и елеганција дури и кај детската облека.
Се надеваме дека и оваа сезона ќе уживате во нашата модна селекција, а ние ќе се потрудиме повторно да обезбедиме најдобар избор за вашите најмили!