ЗА НАС
Kids Today е мултибренд продавница создадена со идеја да се понуди детска облека и обувки кои го отсликуваат детството во најдобро светло – еклектични, имагинативни, креативни, слободни…
Брендовите кои ќе ги најдете на оваа онлајн платформа се внимателно избрани да ги исполнуваат овие епитети, сите тие се посебни и необични на свој начин.
Но, она што е заедничко за сите нив е дека се произведени во најголем дел во Европа, од природни и рециклирани материјали, а одржливоста е една од најглавните грижи во процесот на производство кај секој од нив.
Kids Today нуди и брендови кои немаат масовна продукција и не спаѓаат во светот на брзата мода, туку се базираат на квалитет, долготрајност и уникатен дизајн.
На оваа веб страница ќе најдете облека, обувки и модни додатоци за деца од 2 до 14 години.