Нарачка на производи

На почетната страница можете да ги погледнете сите категории на производи, како и брендови кои во моментот се на располагање на онлајн продавницата. Исто така, може и директно да изберете ПРОДАВНИЦА за да ги видите сите производи во онлајн продавницата.

Доколку изберете категорија, се отвора преглед на сите производи во категоријата. Доколку изберете бренд, се отвора преглед на сите производи во одреден бренд. Потоа, можете дополнително да ги филтрирате производите спроед филтрите кои се на располагање.

Откога ќе изберете производ, потребно е да изберете и величина и количина за истиот, и да ги додадете во КОШНИЦА. Во кошницата имате можност да внесете купон код за попуст или пак да продолжите директно кон наплата.

Во делот ДЕТАЛИ ЗА НАПЛАТА потребно е да ги внесете задолжителните податоци и да изберете опција за наплата. Плаќањето може да биде со картичка (Visa, Mastercard/Maestro) или во готово по достава на нарачката.

По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-мејл за потврда.