Услови на користење

Кидс Тудеј ДООЕЛ овозможува користење на услугите на својата веб страница во согласност со УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ. Истите се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.kidstoday.mk. Корисниците се смета дека се запознаени со овие услови доколку ја користат оваа веб страна за лична потреба и на своја одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА:

КИДС ТУДЕЈ ДООЕЛ

Адреса: Партениј Зографски 65, 1000 Скопје

Тел: + 389 71 384 929

email: [email protected]

WEB: www.kidstoday.mk

Трансакциска с-ка: 210076093020102

ЕМБС: 7609302

ЕДБ: 4080022608388

Шифра на дејност: 47.91 Трговија на мало преку пошта и интернет

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.

          1.      Општи одредби

www.kidstoday.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Кидс Тудеј ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Кидс Тудеј може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

          2.      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои се оставаат на сајтот со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со начелата наведени во нашата политика на приватност. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

Личните податоци се користат само за интерна употреба, за обработка на Вашите нарачки, не се откриваат или проследуваат на трети лица.

          3.      Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни провајдери се поставени исклучиво со цел да Ви го олеснат користењето на веб страната. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. Кидс Тудеј ги нема прегледано сите овие локации на самостојни провајдери и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не сме во можност да дадеме информации за содржините кои  кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните провајдери кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

КУПУВАЊЕ

На почетната страница можете да ги погледнете сите категории на производи, како и брендови кои во моментот се на располагање на онлајн продавницата. Исто така, може и директно да изберете ПРОДАВНИЦА за да ги видите сите производи во онлајн продавницата.

Доколку изберете категорија, се отвора преглед на сите производи во категоријата. Доколку изберете бренд, се отвора преглед на сите производи во одреден бренд. Потоа, можете дополнително да ги филтрирате производите спроед филтрите кои се на располагање.

Прикажаните цени на сите производи се со вклучен ДДВ (18%).

Откога ќе изберете производ, потребно е да изберете и величина и количина за истиот, и да ги додадете во КОШНИЦА. Во кошницата имате можност да внесете купон код за попуст или пак да продолжите директно кон наплата.

Исто така, имате можност и да се регистрирате како корисник, за полесно пополнување на информациите при вашето следно купување.

Во делот ДЕТАЛИ ЗА НАПЛАТА потребно е да ги внесете задолжителните податоци и да изберете опција за наплата. Плаќањето може да биде со картичка (Visa, Mastercard/Maestro) или во готово по достава на нарачката.

По комплетирањето на нарачката ќе добиете e-мејл за потврда.

ДОСТАВА

Доставата на производите на Кидс Тудеј ДООЕЛ Скопје ја врши компанијата Еко Логистик. Рокот на достава е до 5 работни денови. Курирската служба ги доставува пратките секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот. Во тој временски период потребно е да обезбедите лице кое ќе биде присутно за преземање на пратката на адресата која што ја имате приложено. При преземање на пратката потребно е да се потпишете на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Доколку курирот не успее да ве пронајде на посочената адресата, тогаш повторно ќе се обиде телефонски да ве исконтактира на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Трошокот на испорака е обврска на Кидс Тудеј ДООЕЛ Скопје во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот.

Доставата чини 150 денари за пратки со вредност под 3500 денари.

За пратки со вредност над 3500 денаридоставата е бесплатна.

ЗАМЕНА И ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ

Добиениот производ може да се замениили врати во рок од 15 дена. За да го направите ова, потребно е да нé исконтактирате на е-мејл адресата [email protected] или на телефонскиот број +389 71 384 929.

Доколку би сакале да ја замените пратката треба да го наведете точниот број или вид на производ со кој сакате да ја направите замената. Доколку би сакале да Ви рефундираме средства, ќе треба да ни ја испратите Вашата трансакциска сметка.

Доколку по добивањето на производот увидите дека има оштетување, потребно е веднаш да ни испратите фотографија од истото.

Производот кој се враќа треба да биде спакуван во оригиналното пакување, да биде неупотребуван, со етикета и неоштетен. Фискалната сметка треба да биде исто така приложена.

Производот може да го вратите со курирска служба по ваш избор.

Штом пратката пристигне, ќе добиете мејл со известување. Доколку се утврди дека производот е оштетен, употребуван или без етикети, барањето за замена или рефундација ќе биде одбиено и производот ќе биде вратен кај купувачот на негов трошок.

Во случај на враќање на производи или рефундација на купувачот кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Кидс Тудеј има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Личните податоци се даваат од страна на корисникот на веб страната. Тука спаѓаат податоци како адреса за достава на пратка, контакт телефон, е-маил доколку корисникот сака да добива информации за промоции и попусти.

Дополнително, податоци се собираат со помош на колачиња доколку корисникот се солгаси на тоа. Несуштински колачиња не се собираат без согласност на корисникот. Повеќе информации можете да прочиттате во делот политика за колачиња.

Оваа страница ги собира следниве лични податоци:

  • Име.и презиме на корисникот
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Адреса на е-пошта
  • Информации за рефундирање на средства (трансакциска сметка на корисникот)

Личните податоци нема да се обработуваат за ниедна друга цел освен за онаа за која се собрани. Личните податоци се обработуваат механички и/или електронски од страна на лиза вработени/ангажирани од страна на Кидс Тудеј ДООЕЛ Скопје. Овие лица имаат пристап и се овластени да ги користат личните податоци на корисниците во согласност со начелата за обработка на лични податоци од Законот за заштита на лични податоци. Обработката на лични податоци се врши според сите прописи за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, а во исто време се преземаат сите пропишани технички и организациони мерки за тајност и заштита при обработка на личните податоци. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.