Замена и враќање на производи

Добиениот производ може да се замени или врати во рок од 15 дена. За да го направите ова, потребно е да нé исконтактирате на е-мејл адресата [email protected] или на телефонскиот број +389 71 384 929.

Доколку би сакале да ја замените пратката треба да го наведете точниот број или вид на производ со кој сакате да ја направите замената. Доколку би сакале да Ви рефундираме средства, ќе треба да ни ја испратите Вашата трансакциска сметка.

Доколку по добивањето на производот увидите дека има оштетување, потребно е веднаш да ни испратите фотографија од истото.

Производот кој се враќа треба да биде спакуван во оригиналното пакување, да биде неупотребуван, со етикета и неоштетен. Фискалната сметка треба да биде исто така приложена.

Производот може да го вратите со курирска служба по ваш избор.

Штом пратката пристигне, ќе добиете мејл со известување. Доколку се утврди дека производот е оштетен, употребуван или без етикети, барањето за замена или рефундација ќе биде одбиено и производот ќе биде вратен кај купувачот на негов трошок.