Одржливост
Материјали кои најчесто се користат во нашите производи

Органски памук
Памукот е еден од најчесто користените материјали за облека, бидејќи е мек за кожата, издржлив и и овозможува на кожата да дише. Но, истовремено е и еден од најинтензивните текстилни материјали кога станува збор за потрошувачка на вода, и учествува со 4% во глобалната потрошувачка на пестициди.
Органскиот памук се одгледува без употреба на синтетички пестициди или ѓубрива.
Овој начин на одгледување памук придонесува за заштеда на вода изначително го намалува влијанието врз животната средина во споредба со традиционалното одгледување. Бидејќи во процесот на одгледување не се користат штетни хемикалии, органскиот памук е поздрав избор и за околината и за потрошувачите.
Рециклиран полиестер
Нашите брендови користат исклучиво рециклиран и сертифициран полиестер за полиестерски производи, како што се тренерки, јакни со пердуви и надворешна облека (outerwear).
Полиестерот е еден од најпопуларните текстили за облека бидејќи е издржлив, брзо се суши и е лесен за носење. Но, производството на нов (вирџин) полиестер е истовремено и ресурсно интензивно и загадувачко.

Рециклираниот полиестер што го користиме се изработува од отпадна пластика од потрошувачи, како што се пластични шишиња или фрлена полиестерска облека, која се чисти, се дроби и се претвора во ново предиво – со исти својства како новиот полиестер, но без загадувачкиот процес поврзан со добивањето на суровините. Бидејќи рециклираниот полиестер потекнува од отпад кој инаку би завршил на депонии, тој има позитивно влијание и врз управувањето со отпадот.
Со купување производи изработени од рециклиран полиестер, наместо од нов, вие го намалувате отпадот и негативното влијание врз животната средина!
TENCEL™ Lyocell
TENCEL™ Lyocell е наградуван материјал со текстура и квалитет слични на памукот, создаден со минимално влијание врз животната средина.
Овој лесен, мек, но и цврст и удобен материјал се изработува од одржливо добиена целулозна пулпа од брзорастечки дрвја како еукалиптус и бука.
Процесот на производство на TENCEL™ Lyocell рециклира 99.5% од сите хемикалии што се користат, благодарение на затворен систем на производство кој го минимизира негативното влијание врз околината.
TENCEL™ Lyocell е развиен од иновациската компанија LENZING™ и има добиено повеќе награди, вклучително и Европската награда за животна средина од Европската Унија.


Сертифицирана и органска волна
Волната е одличен материјал за облека – не само што нè грее, туку има и многу други корисни својства.
Таа е еластична, што ѝ овозможува природно добро да се прилагоди на телото, и има способност да апсорбира и испушта влага – па затоа топли без да создава чувство на потење.
Oд клучно значење е да користиме само волна за која знаеме дека потекнува од животни кои се хумано третирани.
Затоа одржливите брендови користат исклучиво сертифицирана волна од RWS и GOTS извори.
Econyl
Econyl е висококвалитетна ткаенина со својства слични на најлонот, што ја
прави совршена за костими за капење и спортска облека.
Econyl се произведува од регенериран и рециклиран најлонски отпад, како што се рибарски мрежи или отпад од текстилната индустрија, кој потоа се
преработува во конец од Econyl.

Кои се најважните органски сертификати
GOTS – ГЛОБАЛЕН ОРГАНСКИ ТЕКСТИЛЕН СТАНДАРД
Global Organic Textile Standard (GOTS) е признат како водечки светски стандард
за сертификација на текстил направен од органски влакна.
За материјалите и облеката да бидат GOTS сертифицирани, тие треба да ги исполнуваат GOTS стандардите во области како животната средина, социјалните услови, хемикалиите и квалитетот, и да содржат најмалку 95% органски влакна.
GOTS сертификацијата ги опфаќа сите фази од производството како производство на конец, обработка, производство на облека, пакување и брендирање.
OCS – СТАНДАРД ЗА ОРГАНСКИ СОСТАВ
Organic Content Standard (OCS) е меѓународен стандард за сертификација кој гарантира дека памукот е одгледан без пестициди и со помала потрошувачка на вода во споредба со конвенционалниот памук.
OCS blended бара само 5% органски материјал, што го прави добар алтернативен сертификат за производи кои се мешани со други влакна и кои, на пример, не се 100% памук.
OCS програмата за сертификација е воспоставена и контролирана од индустрискиот партнер Textile Exchange.
GRS – ГЛОБАЛЕН СТАНДАРД ЗА РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ
Секој рециклиран полиестер треба да е сертифициран според GRS.
Global Recycled Standard (GRS) е сертификат што ги оценува рециклираните материјали и социјалните, еколошките и хемиските практики што се користат при нивното производство, со цел да се обезбеди дека процесот ги исполнува строгите стандарди.
GRS се применува кај производи од полиестер и полиамид, но може да се користи и за други материјали како памук и волна. Оваа сертификација е воспоставена и контролирана од индустриската платформа Textile Exchange.
RWS – СТАНДАРД ЗА ОДГОВОРНА ВОЛНА
Овој стандард обезбедува дека фармите каде се одгледуваат овците ги следат високите стандарди за благосостојба на животните, а фармерите активно работат на добри еколошки практики, како управување со земјиштето и целосна следливост низ целиот синџир на набавка на волна.
OEKO-TEX®
Ова е глобален, признат систем за сертификација кој гарантира дека текстилните производи се безбедни од штетни супстанции.
Тоа значи дека производите се детално тестирани и потврдени како слободни
од широка листа потенцијално штетни материи.
Донирај и стани дел од нашето семејство
Дали имате износена детска облека која е во добра форма и сакате да ја донирате или подарите?
Ние, во Kids Today, ja следиме филозофијата дека облеката треба да се наследува, да се носи од повеќе генерации деца и да се подарува. Затоа, ви овозможуваме преку нас да подарите облека за деца, која ќе се донира во Црвен Крст и други официјално регистрирани организации кои имаат донаторски активности. Така, облеката на вашите дечиња ќе го продолжи своето патување, а вие ќе направите позитивен чекор кон грижа за заедницата и за природата. За облеката која ќе одлучите да ја подарите ќе бидете детално известени каде е донирана.
Како благодарност, станувате член на нашиот лојален клуб на купувачи преку кој имате низа бенефити:
- Попуст при секое купување
- Бесплатна достава
- Учество во private sales
- Специјални активности и show rooms
Облеката која се донира треба да биде чиста, неоштетена и во нослива состојба.
За организирање на Вашата донација контактирајте нè на: [email protected].

