Политика на приватност

Ова е политика на приватност со која е уредува начинот на кој Кидс Тудеј ДООЕЛ со седиште на ул. Партениј Зографски 65, 1000 Скопје и даночен број 4080022608388, ги собира и обработува личните податоци преку веб страницата www.kidstoday.mk. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

Зошто се собираат и обработуваат лични податоци?

Личните податоци се собираат и обработуваат за:

  • Испорака на нарачаните производи
  • Контакт со нарачателот на производите
  • За функционалност на веб страницата
  • Корисничка поддршка
  • Подобро корисничко искуство
  • Рефундирање на средства
  • Маркетинг
  • Статистика и аналитика

Како се собираат и обработуваат лични податоци?

Личните податоци се даваат од страна на корисникот на веб страната. Тука спаѓаат податоци како адреса за достава на пратка, контакт телефон, е-маил доколку корисникот сака да добива информации за промоции и попусти.

Дополнително, податоци се собираат со помош на колачиња доколку корисникот се солгаси на тоа. Несуштински колачиња не се собираат без согласност на корисникот. Повеќе информации можете да прочиттате во делот политика за колачиња.

Кои лични податоци се собираат?

Оваа страница ги собира следниве лични податоци:

  • Име.и презиме на корисникот
  • Адреса
  • Телефонски број
  • Адреса на е-пошта
  • Информации за рефундирање на средства (трансакциска сметка на корисникот)

Начин на обработка на лични податоци и рокови на чување на личните податоци

Личните податоци нема да се обработуваат за ниедна друга цел освен за онаа за која се собрани. Личните податоци се обработуваат механички и/или електронски од страна на лиза вработени/ангажирани од страна на Кидс Тудеј ДООЕЛ Скопје. Овие лица имаат пристап и се овластени да ги користат личните податоци на корисниците во согласност со начелата за обработка на лични податоци од Законот за заштита на лични податоци. Обработката на лични податоци се врши според сите прописи за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, а во исто време се преземаат сите пропишани технички и организациони мерки за тајност и заштита при обработка на личните податоци. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Доколку, корисникот одлучи да ја повлече согласноста за обработка на лични податоци, тие ќе бидат избришани освен оние податоци за кои постои законска обврска за чување во одреден рок согласно Законот за архивски материјал.

Личните податоци при регистрација на веб страницата и креирање на профил се обработуваат се до повлекувањето на согласноста, односно до бришење на корисничкиот профил. Личните податоци кои се собираат при процесот на купување, се чуваат во рок од 3 (три) години, согласно прописите за чување сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет, согласно Законот за архивско работење. Личните податоци во делот Контакт се чуваат се до повелкување на согласноста од страна на корисникот, освен во случај кога се дадени за реализација на права поврзани со одреден производ, кога се чуваат во рок од 1 (една) година.

Oбработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Личните податоци кои се користат за директен маркетинг се дадени од страна на корисникот, заедно со согласност за директен маркетинг. Директниот маркетинг се остварува преку е-пошта, телефонски или преку целни интернет реклами.

Корисникот има право во секое време да побара откажување на согласноста за Директен маркетинг или самостојно да го откаже добивањето на електронски пораки со клик на линкот во долниот дел на електронските пораки.

Откажувањето може да се направи и на мејл адресата [email protected].

Права на корисниците

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.


Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

Промена на условите

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.

Контакт

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.kidstoday.mk и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат на контакт мејл адресата: [email protected].

Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица- обработувачи со овластување дадено од страна на Кидс Тудеј ДООЕЛ и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

Пренос на лични податоци во други држави

Кидс Тудеј ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.

Датум на објава на Политика на приватност

10.02.2023 година