Book Club – кампања на Mini Rodini за пролет/лето’23

Ви ја претставуваме кампањата на Mini Rodini за оваа сезона! Како и самиот бренд и оваа кампања е шаренолика, разнолика и со прекрасна порака.

Ви ја претставуваме кампањата на Mini Rodini за оваа сезона! Како и самиот бренд и оваа кампања е шаренолика, разнолика и со прекрасна порака.

Кампањата е направена во Мароко и е еклектичен микс на впечатливиот дизајн на Mini Rodini и локалната култура. Приказната која ја раскажува е инспирирана од детството на Касандра Родин, основач на брендот, исполнето со долги летни денови поминати во друштво на книгите. Исто така, ретро инспирацијата доаѓа и во форма на дизајни со симпатично исцртан гулаб како сеќавање на едно време кога праќањето писма било значајна форма на комуникација, а животот се одвивал многу порелаксирано. Впрочем и самите модели оваа сезона се удобни, со релаксиран крој и елементи од 70-тите.

Парчињата за летната сезона нé носат во егзотичен рај – многу цветови, овошја и асоцијација на бескрајни тиркизни пространства.