Нови брендови за безгрижно детство

Оваа сезона во нашите колекции додаваме уште неколку брендови кои произведуваат органска облека за деца и се стремат да го обезбедат најдобриот квалитет за оние кои најмногу ни значат.

Станува збор за шпанскиот бренд Bobo Choses кој постои од 2008 г. и чија главна цел е да произведува облека која е забавна и овозможува бегство од секојдневната рутина на децата и родителите. Моделите на Bobo Choses се разиграни, изобилуваат со бои и текстури и не ги следат трендовите туку отвораат нов свет на имагинација кој е близок до децата и нивната природа. Дополнително, материјалите и начинот на кој се произведува облеката гарантира грижа за природата, која веќе станува обврска на секој од нас и одличен начин да ги научиме децата да се грижат за светот во кој живееме.

BC AW23 STREET 33 Нови брендови за безгрижно детство

И португалскиот моден бренд за деца Piupiuchick работи на слични принципи и токму затоа и тој е наш избор да стане дел од понудата на Kids Today. Лежерни модели и доза на ноншалантност го карактеризираат Piupiuchick кој се дизајнира и произведува во Порто, Португалија – еден од најпознатите текстилни региони во Европа. 

piupiuchick aw23 sea people 334 Нови брендови за безгрижно детство

A Monday in Copenhagen е релативно нов дански бренд кој ја отсликува скандинавската естетика и прави комбинација на трендови и функционалност. И овој бренд користи материјали кои имаат сертификат кој го гарантира нивното органско потекло што овозможува исклучителна удобност при носењето. 

3H4A6653 LOW Нови брендови за безгрижно детство

Уште еден уникатен бренд, кој се придружува на нашето семејство е Pettite Lucette, француски бренд кој примарно прави облека за девојчиња и ја претставува во вистинско светло познатата француска естетика и чувство за стил. Едноставни кроеви, пастелни тонови и елеганција дури и кај детската облека. 

bb0be0a4f93ee5a55d7c05649f6879d2 2000x.jpg Нови брендови за безгрижно детство

Се надеваме дека и оваа сезона ќе уживате во нашата модна селекција, а ние ќе се потрудиме повторно да обезбедиме најдобар избор за вашите најмили!