Нови технологии за подобра иднина
Онлајн платформата KidsToday e направена со цел да понуди брендови кои се многу поразлични од она што може да се најде на нашиот пазар. Уникатниот дизајн и изработка се секако едни од квалитетите кои ги издвојуваат, но фактот што сите парчиња се изработени од одржливи е она што е клучно кај сите брендови.
Што се всушност одржливи материјали?
Одржливите материјали може да бидат органски, рециклирани или пак произведени со посебна технологја која ги исполнува стандардите на одржливост Tencel™ lyocell и Modal®.
Само материјалите кои се направени од суровини кои се одгледуваат на посебен и сертифициран начин, со употреба на стандардизирани процеси за одржливост, може да се наречат органски материјали.
Доколку еден бренд сака да биде именуван како одржлив, над 70% од парчињата мора да бидат изработени од ваков тип на материјали. Дополнително, и употребата на хемикалии за боење и дообработка на материјалите мора да е ограничена, односно одредени хемикалии целосно да се исфрлат од употреба.
Одржливите материјали не само што се добиваат на начин кој е помалку штетен за природата, туку се и подобри за човековото здравје.
GOTS (Global organic textile standard), кој го имаат речиси сите брендови кои се продаваат на Kids Today e еден од најригидните сертификати за органски производи. Според овој сертификат, секој производ кој се нарекува органски мора да е направен од 70-95% органски или рециклирани материјали. Дополнително, овој сертификат ги оценува и условите во кој се произведува одредено парче облека – предуслов за добивање на сертификатот е производство во фабрики каде не се користи детски труд, кадешто има сооветни услови за работа и задоволителни плати за вработените.
Кои се најкористените органски материјали?
ОРГАНСКИ ПАМУК – Органското производство на памук не дозволува употреба на токсични хемикалии или ГМО (генетски модифицирани организми) и го поддржува здравјето на почвите, екосистемите и луѓето со користење на природни наместо вештачки процеси.
РЕЦИКЛИРАН ПОЛИЕСТЕР – Рециклиран полиестер со сертификат GRS. Овој материјал се користи во многу производи како што се некои јакни, ранци, тренерки и шорцеви за капење.
BIONIC – FINISH ECO – Повеќето конвенционални водоотпорни премази на пазарот денес, содржат флуоројаглероди кои многу бавно се распаѓаат во природата и лесно се распространуваат. Тие ја нарушуваат нашата репродуктивна способност и се смета дека се причинители на рак. Bionic – Finish e еко материјал, кој гарантира дека целата функционална облека е ослободена од опасни флуоројаглероди и други опасни хемијалии, вклучувајќи PFC (перфлуорирани соединенија), формалдехид и парафин.
TENCEL LYOCELL – Lyocell e еколошка верзија на вискоза. Добиен е од пошумено дрво, а поголемиот дел е одржливо шумарство. Хемикалиите што се користат во производството повторно се користат и се рециклираат во затворен систем. На материјалот Lyocell му треба многу малку вода и површина во споредба со органсиот памук кој бара големи количини на вода и поголема површина на земја.