Ден на планетата Земја – 22 април

22 април е денот кога ја славиме планетата Земја и кога обрнуваме посебно внимание на сите нешта што можеме да ги направиме за да ги зачуваме нејзините природни ресурси, кои се толку важни и за нашето постоење.

Има многу нешта кои секојдневно секој од нас може да ги направи за да остави свој позитивен белег на градењето еден поубав и поздрав свет за нас и нашите поколенија. 

Ние во Kids Today секој ден го славиме како еко ден, со тоа што нудиме парчиња облека за вашите најмили направена само од природни, органски или рециклирани материјали, а особено внимание обрнуваме на процесот на нивната изработка и дали тој ги задоволува стандардите за зачувување на животната средина.

pexels ready made 3850512 Ден на планетата Земја - 22 април

Денес ви даваме и неколку дополнителни идеи како на свој начин, заедно со вашите деца може да го одбележите Денот на планетата Земја, а со тоа да им дадете и вистински пример како се сака и чува природата. Во исто време, ќе се чувствувате и позадоволно давајќи го својот мал, но значаен придонес за општото добро. 

Соберете пластична амбалажа од вашиот дом или околина и донирајте на специјални места каде таа може да се рециклира. Исто така, водете сметка секогаш кога можете пластиката да ја замените со стакло или други материјали, кои може да се користат повеќе пати со што значително се намалува негативниот траг кој го оставаме на природата.

Заменете ја козметиката и производите кои ги користите за чистење кои се полни со хемикалии, со природни или органски производи.

pexels vlada karpovich 6634678 Ден на планетата Земја - 22 април

Засадете дрво – дрвата го собираат јаглерод диоксидот, придонесуваат за разладување при високи температури и ги отежнуваат условите за размножување на вируси и бактерии и пренос на заразни болести. 

Намалете ја употребата на пестициди во вашата градина – доколку земјата во која садите е квалитетна и здрава, и самото растение ќе расте доволно без дополнителни хемиски средства и процеси. 

Рециклирајте и одново користете ги сите предмети кои го дозволуваат тоа – бидете креативни и најдете им нова употреба, а во процесот на креирање можете да ги вклучите и вашите деца. 

Внимавајте на материјалите кои ги носите вие и вашите најмили – материјалите со органско потекло не само што се помалку хемиски третирани, туку и се попријатни за носење. Дополнително, овозможувајќи си себеси поквалитетна облека, придонесувате и за почиста животна средина, бидејќи сертифицираните ткаенини се изработуваат во услови кои значително помалку штетно влијаат на природата.

И не заборавајте, планетата Земја треба да се сака секој ден – дури и со најмалите гестови на внимание може да бидеме дел од голема промена.